И ЗЕЌИРИ И ДИМОВСКИ ОЧЕКУВААТ ПОБЕДА - сега се бројат гласовите
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веруваат дека поедиле на изборите.
Пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека нивните партии освоиле повеќе гласови.
Ова тоа го кажаа на емисијата Топ тема на Телма.
Илија Димовски вели дека граѓаните покажале одговорност.
„Граѓаните покажаа одговорност, и покрај тоа што е во време на корона криза и среде лето. Како што гледаме излезноста е над 50 отсто и мене тоа ме радува. Изразитите места каде што секогаш ВМРО-ДПМНЕ добива поголема поддршка, имаат значително поголема излезеност со другите општини, но еве да ги почекаме резултатите“, рече Димовски.
Мухамед Зеќири од СДСМ им честита на граѓаните.
„Да се честита на граѓаните за демократскиот капацитет што излегоа во вакви услови. Задоволни сме од излезноста, таа ќе достигне 52 отсто, тоа беа и нашите проекции, не рдува таа голема излезност. Не се сомневаме во победата, но ќе ги почекаме резултатите, ќе требаат уште неколку часа, кои тоа и официјално ќе го покажат“, рече Зеќири.
