И Жбогар побара итно формирање влада и посветување на реформите
Европската унија се погласно и подиректно ги испраќа своите пораки дека Македонија мора да се врати на патот на реформите, а за тоа неопходно е веднаш да се формира новата влада бидејќи има изразено ново парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници.
„Секогаш се обидувам да гледам позитивни работи. Позитивно е што дебатата од улицата се префрли во парламентот. Добро е што сите партии веќе признаат дека се формира ново парламентарно мнозинство во Собранието. Има дебата, меѓутоа таа повеќе се состои во зборење отколку слушање еден со друг, што е загрижувачки“, рече евромбасадорот Жбогар при работната посета на Битола.
Во понеделник ќе пристигне и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој треба да се сретне со претседателот Иванов за уште еднаш да му посочи дека мандатот треба да го додели на Зоран Заев кој може да формира влада.
