Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Захариева денеска со Петков во Битола

И Захариева денеска со Петков во Битола

И поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска ќе биде дел од делегацијата што ќе ја предводи бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.

Во делегацијата се најавени уште и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Делегацијата ќе промовира владини проекти на Бугарија на кои ќе им претходи средба на Петков со бугарски здруженија на граѓани во земјава. Петков ќе биде прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер

Предвидено е заедно со македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски да го посетат електро-енергетскиот проект „Битола 2“ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија..


Слично

Поврзани вести