Економија, финансии, бизнис

Контакт

И за Шекеринска судот е крив што избегал Груевски

И за Шекеринска судот е крив што избегал Груевски

„Одредени судски инстанци одлучуваат за притвор и за многу поситни дела, а како по прашањето на бомбите и по прашањето на одговорност на сите овие злоупотреби, тешко се одлучуваат за притвор. Не можеме како Влада да се мешаме во судската власт. Со право ќе бевме критикувани ако МВР реагираше пред да има официјален налог. А, сега треба судството да истражи. Зошто за овие лица тешко одредуваа притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе, и зошто им требаше три дена за налогот од Суд да стигне во МВР?“, ова го запраша Министерката за одбрана  Радмила Шекеринска денеска пред Владата на Македонија откако беше запрашана за коментар во врска со случајот на Груевски по кој МВР трага и распишана потерница.

Шекеринска прстот го впери кон Судот кој не се решил да одреди притвор, напоменувајќи дека истиот Суд одредува и за многу поситни дела од она што го имаат одредени лица, меѓу кои и Груевски.

Слично

Поврзани вести