Економија, финансии, бизнис

Контакт

И втората галија никнува на Вардар – ќе работи како ресторан

И втората галија никнува на Вардар – ќе работи како ресторан
Не една, туку две галии веќе никнуваат на Вардар. Неколку бетонски столбови веќе се поставени на Вардар и тие ќе трба да бидатт носачи на бовиот брод кој ќе биде изграден веднаш спроти хотелот „Холидеј ин“. Како што пренесува Плусинфо, ова е една од четирите брода кои треба да бидат поставени во Вардар. Бродот спроти Музејот на ВМРО е во изградба. И двете галии ги гради фирмата „Фаланга ДИМ“ која со нив ќе стопанисува 10 години, при што за една та на Град Скопје ќе плаќа кирија од 1.050 евра, а  за втората 1.250 евра. Галиите се прават по теркот на белградските сплавови и ќе се користат како угостителски објекти. Според првичните најави, едната галија ќе биде француски ресторан, а вториот бар за закуски. Овие сплавови од градските власти беа најавени како нова атракција за посетителите на Скопје, а во јавноста се покренаа многу контроверзии околу нивната изградба. Градот сепак опстоја на намерата да ги изгради.  
Слично

Поврзани вести