Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, ПАРИТЕ СЕ ПОСИГУРНИ ВО БАНКА - граѓаните продолжуваат да штедат, депозитите растат

И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, ПАРИТЕ СЕ ПОСИГУРНИ ВО БАНКА - граѓаните продолжуваат да штедат, депозитите растат

И во услови на криза поради епидемијата на коронавирусот, граѓаните продолжуваат своите пари да ги носат на чување во банка. Не сакаат да ги чуваат под перница, покажуваат најновите бројки на Народна банка на Македонија.

Според податоците, во јуни вкупните депозити продолжијле да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на двата сектори, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. 

Годишната стапка на раст изнесува 8,4 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. 

Вкупните кредити продолжиле да растат на месечна основа, со нешто поизразено учество на корпоративниот сектор. 

„Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,6 отсрто и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства“, објаснуваат од централната банка. 

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,9 отсто на годишно ниво. 

Слично

Поврзани вести