Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар известија да не се пие водата од чешма, од водоводот.

Исто така, поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП “Шар” се на теренот за брзо решавање на проблемот. 

Истовремено, известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот. 


Слично

Поврзани вести