Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Влатко Ѓорчев стана национален координатор во Владата

И Влатко Ѓорчев стана национален координатор во Владата

Долгогодишниот пратеник и гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, е назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.

На денешната владина седница Лилјана Затуроска пак, е именувана за национален координатор за локална самоуправа, Верче Мицевска е именувана за национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

Досега, владата ги назначи и Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.


Слично

Поврзани вести