И Владата на Заев ќе прави проект „компјутер за секое дете“
Проектот „Комјутер за секое дете“, кој беше често на мета на критиките кон претходната власт, ќе добие продолжение од Владата на премиерот Зоран Заев. Компјутерите беа набавени во 2007-ма, но тогашната власт немаше позитивно мислење за истиот, а најмногу за тоа што немаше отчет колку пари чинела вкупната набавка.
Подготовките за новиот проект го најави заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов за „Мета“.
– Тоа е една голема промена која ќе мора да се случи. Конкретни податоци немам во овој момент кога би се набавувале нови компјутери за учениците, но ќе работиме на тоа да ја дигитализираме наставата. Тоа подразбира обезбедување повеќе ресурси, опремување на училиштата за дигитализација и овозможување на алатки за да можат да учат од модерни помагала. Исто како минатата влада, имаме желба да го реализираме овој процес, кој не може да се заврши за кусо време – вели Атанасов.
Во недостиг на опрема за реализација на часовите на компјутер и реализација на часовите по информатика, во многу училишта децата сами од дома си носат од дома лаптоп, смартфон или таблет.
