Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Владата ќе бара меѓународна истрага за „Дива Населба“?!

И Владата ќе бара меѓународна истрага за „Дива Населба“?!

По одлуките за максимални и доживотни казни за Диво Насеље останува нејасно како натаму ќе се тера овој случај.

Министерот Оливер Спасовски неодамна посочи дека сепак ќе бара меѓународна истрага. Истото вчера го побараа и од ДУИ.

Владата ќе преземе обврска да спроведе дополнителна меѓународна истрага со цел јавноста да ја дознае вистината, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски кој истакна дека е запознат со тоа кој учествувал и бил наградуван или не учествувал, но напомена дека станува збор за класифицирана информација.

Имиња на високи политички функционери беа често пати споменувани на рочиштата кога им се судеше на обвинетите .

Судењето го следеа низа контроверзи.

Ниметула Абдулаи, еден од клучните сведоци за осомничената терористичка група која изврши напади во кумановско Диво Насеље, почина во текот на судењето.

Според ТВ 21 тој бил вработен во Управата за безбедност и контра разузнавање во Куманово, а по укажаната прва помош во амбулантата во Липково, бил пренесен во болницата во Куманово.

Дел од обвинетите од Куманово, но и од Косово го бараа Ниметула како сведок во процесите, бидејќи од сведоците било истакнато дека како вработен во УБК ги знаел активностите на Кумановската група.

Пресуди

Казна доживотен затвор добија седуммина, 13 добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, двајца по 14 години затвор. Еден е осуден на 18 години затвор, тројца на 13 и еден на 12 години затвор.

Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни додека четворица добија ослободителни пресуди поради тоа штообвинителството не доставило доволно докази.

Обвинетите во овој случај се гонеа за две кривични дела: тероризам и организарање во терористичка група.

И одбраната бара меѓународна истрага

Адвокатот на обвинетите во случајот Насер Рауфи посочува дека сите бранители ќе поднесат жалба на пресудите, бидејќи како што вели има информации за докази со кои ќе докажат дека ова е монтирано рочиште.

„Со меѓународна истрага ќе се реши овој случај. Тајните служби се оние кои го измонтираа овој случај“, тврди Рауфи.


Слично

Поврзани вести