Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

И вчера сме имале 120 новозаболени од коронавирусот, се гледа од податоците на Институтот за јавно здравје, кои се објавени денеска.


Како што е познато, официјалната бројка која ја соопштија вчера здравствените власти, беше дека бројот на заболените во текот на вчерашниот ден бил 101 новозаболен. 

Дали овие нови 19 заболени се добиени потоа и се ставени во официјалниот извештај на Институтот за јавно здравје, или, пак, тие се префрлени за денешниот ден, не е познато. 

Инаку, МЗ соопшти дека денеска имаме 120 новозаболени од коронавирусот во земјава, што е всушност рекорден број на новозаболени откако изби епидемијата во земјава. 

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче. Од новозаболените дури 67 се од Скопје, од Куманово се 19, а во Штип има 16 новозаболени. во Прилеп 4, а во Тетово - 9.  Регистрирани се и двајца починати.

А најновите бројки што ги објави Институтот за јавно здравје, зборува дека и вчера сме имале исто така, рекорден број на нови заразени пациенти од КОВИД-19. 

Слично

Поврзани вести