Економија, финансии, бизнис

Контакт

И вчера најмногу вакцинирани со трета доза

И вчера најмногу вакцинирани со трета доза

Министерството за здравство известува дека текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина. 

„Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464 а трета доза примиле 27.298 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, информира МЗ.

Една доза од полнолетната популација досега примиле 57 отсто од населението, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. 

„Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, соопшти министерството.


Слично

Поврзани вести