И ВЧЕРА ДВАЈЦА МЛАДИ ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ - до каде е истрагата за 12-те смртни случаи
Битолчанец и Крушевчанец кои имале по само 44 години, се меѓу 39 жртви на корона вирусот само во текот на последниот ден.
Или, како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се починати 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Речиси секојдневно меѓу починатте се вбројуваат и млади луѓе, меѓу 40 и 50, или меѓу 30 и 40 години, а се случува некои од нив да немале воопшто никакви коморбидитети.
Како што е познато, здравствените власти во земјава отворија истрага за 12 смртни случаи на ковид, со цел да се востанови зошто дошло до тој негативен исход, но засега се уште нема прецизни одговори. Образложенијата се дека станува збор за непредвидлив вирус, поради кој може да дојде до нагло влошување на здравствената состојба.
