И ТРПКОВСКИ СЕ ЗБОГУВА ОД ОПШТИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: По три мандати, градоначалникот на Сопиште заминува од градоначалничкото столче
Како што доаѓа денот на изборите, актуелните градоначалници кои не се кандидати на претстојните локални избори, се збогуваат со досегашните колеги од општинските администрации. По градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, со колегите од општината се прости и градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски.
„ Три мандати, 12 години исполнети со предизвици, учење и заедничка работа. Сите овие години поминати со мојот тим беа навистина посебни. Во едно неформално дружење им кажав дека ова не е збогум, туку здравица за нови почетоци.
Почитувани жителите на Сопиште, Без вас ништо од ова немаше да биде возможно. Вашата доверба, поддршка и верба во мојата работа ми даваа сила и мотив секој ден да дадам сè од себе. Ви благодарам што ми дозволивте да ја водам општината, што со вас го делев секој предизвик и успех. Овие години беа и ваша приказна, ваша борба и ваша победа и затоа секогаш ќе ги носам во срце овие искуства и со радост ќе го следам секој ваш успех. Ви благодарам од сè срце“, напиша тој.
