Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ТРЕБА ЛИ ОД ТАКВИ КО ВАС ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ЗА НАРОД СЕ ГРИЖИТЕ? Д-р Лазаров им се обрати на пратениците, „срам ми е од секој еден од вас!“

И ТРЕБА ЛИ ОД ТАКВИ КО ВАС ДА ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ЗА НАРОД СЕ ГРИЖИТЕ? Д-р Лазаров им се обрати на пратениците, „срам ми е од секој еден од вас!“

Откако деновиве актуелни се темите за патните трошоци, се огласи д-р Ненад Лазаров, кој е еден од иницијаторите на ECrowd платформата, преку која се собираат пари за лекување на болни дечиња и други граѓани.
Тој во статус на фејсбук напиша дека ниту еден од пратениците во Собранието, не донирал за болните дечиња за кои неговата фоднација се бори заедно со нивните семејства.
„Ниеден пратеник од Собрание на Република Северна Македонија до сега нема донирано за болните дечиња за кои Фондација ECrowd.mk се бори заедно со родителите и народов!

Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро БЕ, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош?

Четири години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои, каква ви е таа душа а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации?

И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите?

Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас“, напиша Лазаров на Фејсбук.




Слично

Поврзани вести