И ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ СО КРИТИКИ ЗА ЗАКОНОТ СО КОЈ СЕ КАЗНУВААТ ПЕШАЦИ: „Вака барем ќе го чуеш тој што на црвено поминува со 120 и те убива“
Лавина од негативни коментари предизвикаа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се предвидуваат казни за пешаците кои ќе користат било каков електронски уред додека преминуваат улица.
По тој повод со реакција се огласи и актерот Тони Михајловски.
„Глупост за медаља.
Не може човек а да не честита за Законот со кој се забрануваат слушалки заради поголема безбедност на пешаците во сообраќајот. Вака барем ќе го чуеш тој што на црвено поминува со 120 и те убива“, напиша тој.
Слично
