Економија, финансии, бизнис

Контакт

„И ТАКА НИТУ ЕДЕН ОД МАФИЈАШИТЕ НА ДУИ НИТУ БЕШЕ НИТУ ЌЕ БИДЕ ОСУДЕН“: Најчевска по пораките дека бил гонет - 'со купени дипломи'

„И ТАКА НИТУ ЕДЕН ОД МАФИЈАШИТЕ НА ДУИ НИТУ БЕШЕ НИТУ ЌЕ БИДЕ ОСУДЕН“: Најчевска по пораките дека бил гонет - 'со купени дипломи'

Може слободно да се врати. Може и министер да стане повторно. Може и премиер да ни биде. И може слободно да краде и мами недискриминаторски (и етнички Македонци и етнички Албанци затоа што за мафијата нема етнички граници).

Со оваа порака се огласи утрово професорката која е позната по редовните критики на случувањата во општеството. 

Утрово, инспирирана од објавата на мајката на поранешниот вицепремиер Артан Груби, Зухра посвети дури и две објави на социјалните мрежи. 

Најчевска потенцира дека сосема е очекувано мајка да го брани своето дете, но поголем проблем е што недостига ефективен правосуден систем. 

- И така ниту еден од мафијашите на ДУИ ниту беше ниту ќе биде осуден во оваа смешка од правосуден систем во кој доминираат судии и јавни обвинители со купени дипломи, со криминални врски и/или со партиска припадност - укажа Најчевска. 


Таа претходно објави „Зад секој криминалец, стои горда мајка криминалка“. 



Слично

Поврзани вести