„Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот македонски народ. Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуци и правнуци.
Имаме сопствена држава еднаш на 1.000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција - или крај за нашиот македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете сѐ од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Македонци од сите политички партии - од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија“, се вели во прогласот на Млади за Македонија.
