Економија, финансии, бизнис

Контакт

И СТРУМИЧАНИ ДИШАТ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Костадинов ќе го субвенционира инсталирањето на природен гас

И СТРУМИЧАНИ ДИШАТ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ:  Костадинов ќе го субвенционира инсталирањето на природен гас

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Фејсбук најави дека ќе ги субвенционира со 10 денари од кубен метар семејствата кои ќе одлучат да инсталираат природен гас за да се згреат. 

Мерката ја најавува откако Струмица неколку дена по ред заедно со Скопје, и другите поголеми градови е екстремно загадена. 

„Струмицо моја, слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица“, објави Костадинов. 


Моментално Кичево и Кавадарци се најзагадени градови во земјава. 

Скопје синоќа беше меѓу најзагадените градови во светот. 

Слично

Поврзани вести