Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Стопанска банка ќе учествува во отписот на долговите

И Стопанска банка ќе учествува во отписот на долговите
Стопанска банка - Скопје одлучи да се пријави на огласот за учество во владиниот проект за отпис на долговите за лица од социјално-ранливи категории. „Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје на седницата одржана на 30.07.2014год. донесе одлука за учество во јавниот повик на Владата за отпис на долговите“, одговорија за Фактор денеска од банката. Претходно вакви одлуки донесоа и Комерцијална банка и Тутунска банка. БАНКИТЕ „ЗАГРИЗАА“: Ќе се пријават за отпис на долгови! Вчера интерес да се приклучат кон проектот изразија и ЕВН, како и извршителите.
Слично

Поврзани вести