Економија, финансии, бизнис

Контакт

И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ШКОЛО БЕЗ МАСКИ: Најнова препорака на Комисијата за зарзни болести

И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО ШКОЛО БЕЗ МАСКИ: Најнова препорака на Комисијата за зарзни болести

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска донеле препорака за укинување на носењето заштитни маски и во средните училишта.

Портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ изјави дека одлуката за ваква препорака ја донеле согласно актуелната епидемиолошка состојба во Македонија.

-Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се празнат болничките капацитети, се намалува бројот на новозаразени и генерално капацитетот на целокупниот здравствен систем е релаксиран, заради што Комисијата за заразни болести одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта“, вели Мехмедовиќ.

Сепак како што нагласи тој, и натаму останува на сила мерката за задолжително носење маски за наставниците и останатиот училишен кадар.

Освен, тоа, д-р Мехмедовиќ нагласи дека овозможуваат да се организираат ученички екскурзии и за основните и за средните училишта. 

А. Б.

Слично

Поврзани вести