Економија, финансии, бизнис

Контакт

И сопатничката на Диме Спасов ќе треба да ги враќа парите - „не клатела врата, ама земала плата“

И сопатничката на Диме Спасов ќе треба да ги враќа парите - „не клатела врата, ама земала плата“

Едно од лицата кои земале плата а не доаѓале на работа била сопатничката на екс министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во ноќта кога Спасов направи неколку сообраќајки и бегаше од полицијата.

Тамара Качулска е дел од четирите вработени лица кои вчера ги обелодени в.д. директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Уште тројца други службеници не се појавувале на работното место со што го оштетиле буџетот за милион денари.

Поранешните функционери кои трошеле пари за лични потреби од службените картички да ги вратат, порача и Христијан Делев, кој што е член на ВМРО-ДПМНЕ

Делев сепак, вели оти незнае дали има такви, но доколку некој трошел за лични потреби принципелно е да ги врати парите.  

Владата неодамна објави дека 600 лица од Државниот секретаријат земале плата а не оделе воопшто на работа, или се појавувале само да стават потпис.

Слично

Поврзани вести