И социјадемократите во Европскиот парламент гласни за екстрадиција на Груевски
Социјалдемократите во Европскиот парламент поднесоа амандмани за екстрадиција на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
Два амандмани се поднесени од Групата на социјал-демократите.
Бегството на Груевски и азилот кој му го даде Унгарија можно е да влезат во Извештајот на Европскиот парламент за Македонија. Со амндмани од Унгарија ќе се бара да го преиспита азилот кој му го даде на Греувски и да го екстрадира, а за судењето на Груевски да се констатира дека било темелно и транспарентно.
Левицата бара во Извештајот да влезе и тоа дека македонските законски постапки мора да продолжат според процедурите во земјата и дека Груевски треба да биде одговорна во рамките на македонскиот судски систем.
„Унгарија да ја почитува независноста на македонскиот правосуден систем и владеењето на правото во земјата, да го преиспита политичкиот азил даден на Никола Груевски и да пристапи кон негова екстрадиција во Скопје. Очекува сите засегнати страни да дејствуваат строго во согласност со релевантните национални и меѓународни закони и нагласува дека овие судски постапки не треба да се политизираат“, стои во едниот од амандман.
Притоа се наведува дека судењето на Груевски било водено во темелен и транспарентен правен процес, по што тој е осуден за злоупотреба на моќ на две години затвор, што е потврдено од повеќе судови, како и тоа дека тој е обвинет и во четири други кривични предмети и инволвиран и во други пет кривични истраги.
Амандманот на зелените се оценува „како помалку избалансиран“ и „преостар“ и за него потешко ќе било тешко да се добие поддршка од другите европарламентарци, велат извори од ЕП за МИА.
