Економија, финансии, бизнис

Контакт

И со раст – девизните резерви се пониски од минатата година!

И со раст – девизните резерви се пониски од минатата година!
Заклучно со јули, вкупните девизни резерви изнесуваат 2 милијарди и 54 милиони евра. Во споредба со претходниот месец, кога салдото изнесуваше 2 милијарди и 39 милиони евра, Народната Банка регистрираше пораст од 15 милиони евра. Според структурата на девизните резерви, најголем дел или 1,8 милијарди евра зафаќаат резервите во конвертибилни валути. Вредноста на монетраното злато изнесува скоро 219 милиони евра. Во споредба со состојбата на вкупните девизни резерви во декември, 2012 та година, НБРМ регистрира намалување за 138 милиони евра. Намалување има и на вредноста на резервите во злато. Така, во декември НБРМ чувала злато во вредност од 275,5 милиони евра, што е за 57 милиони евра повеќе од сегашната состојба. Од Народната Банка неодамна објаснија дека намалувањето на девизните резерви во злато е резултат на падот на цената на златото на светските берзаи, додека количината на злато останала непроменета. Со цел да ја намали изложеноста кон кредитниот ризик, НБРМ до крајот на годинава планира 1,25% од девизните резерви да ги пренасочи кон нови валути. Најголем дел од структурата на девизните резерви и натаму зафаќа средствата инвестирани во евра. Сепак,поради одлуката за распределба на резервите и во нови валути, во 2012 та година е регистрирано намалување на учеството на еврото во вкупната валутна структура за 10 процентни поени во однос на 2011 та година.
Слично

Поврзани вести