Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Штип ќе гради аква парк

И Штип ќе гради аква парк
Општина Штип почна со постапката за промена на урбанистичкиот план за изгардба на Аква парк. Портпаролот на градоначалникот на Штип, Милена Ристова-Михајловска информира дека советниците на седница на Совет го имаат усвоено Нацрт-планот за просторот кај Градскиот базен, а сега се чека одобрение од Министерството за транспорт и врски.

„Просторот за Аква парк опфаќа околу 18.000 метри квадратни, а за поставување на објекти од времен карактер 2.965 квадрати“, вели Ристова-Михајловска. Според неа, оваа локација е атрактивна за изградба на Аква парк, бидејќи се планира од наредната година да стартува и проектот за изградба на мини акумулации на реката Брегалница.

По добивањето на одборението, општина Штип ќе распише јавен оглас на кој што заинтересираните инвеститори ќе можат да аплицираат за земјиштето на кое ќе се гради аква паркот.
Слично

Поврзани вести