И ШПАНИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ: Седум повредени се префрлени во оваа земја
Седум повредени од пожарот во Кочани се транспортирани во Шпанија.
Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.
„По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот“, стои во објавата на „Х“ на Шпанската амбасада во Македонија.
Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата за МИА.
Уште тројца повреденин денеска се префрлени на лекување во Турција. Повредените се лекуваат во Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Полска, Шведска и други.
