И Шекеринска со семејна фотографија ја честита Новата Година
Премиерот Зоран Заев не е единствениот кој со семејна фотографија им честиташе Нова Година на граѓаните.
Денеска тоа го стори и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
„Среќна 2020 година! Секој ден да наликува на денешниот: здравје, љубов и среќа!“, напиша министерката на својот фејсбук профил, објавувајќи го овој пост заедно со фотографија со нејзиниот сопруг Божидар Јанковски и ќерката Ада.
Фотографијата е направена во Маврово, каде што семејството ги минува новогодишните празници и каде што често престојува.
А со објава на фотографија на семејна фото идила, на која се најдоа сопругата, ќерката, синот, па дури и преубавиот домашен миленик, кучето, премиерот во заминување Зоран Заев на граѓаните им ги честиташе новогодишните празници.

„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици. Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“, порача премиерот Заев.
Очигледно е дека семејните фотографии кои будат убави чувства, оваа година беа избрани од политичарите, во соработка со нивните Пи Ар тимови, како начин на непосредна комуникација со граѓаните.
