И СЕГА, МОЖЕ ИЛИ НЕ МОЖЕ СО СТАРИ ЛИЧНИ КАРТИ ВО СРБИЈА: Еве што велат од преминот „Прешево“
Откако во голем дел од медиумите осамна информација дека со старите лични карти може да се патува во Косово и Албанија но не и во Србија, „Фактор“ повторно се обрати на граничниот премин „Прешево“, каде разговаравме со полициски службеник.
На прашањето дали македонски државјанин може да ја помине српската граница и да влезе во Србија, тој ни одговори дека немаат никаков проблем.
„Ако вашите ве пуштат, ако тие не ви прават, ние ви посакуваме среќен пат. Што се однесува до нас нема никаков проблем“ ни изјави полицискиот службеник.
Дали е навистина така или не, останува деновиве да видиме дали некој од македонските граѓани ќе се обиде да патува и да оствари влез со старата лична карта во Србија.
Ф.Р.
Слично
