„И СЕГА, МАКЕДОНЧИЊА? ВИ РЕКОВ ДЕКА МУ ДОАЃА КРАЈОТ НА НАТО“: Ванковска вели „Путуј Европо“
Професорката Билјана Ванковска, со коментар на изјавата на Фон Дер Лајен за алтернатива на НАТО.
„Фон дер Лајен од ЕУ повикува на алтернатива на НАТО!
И сега, Македончиња? Ви реков дека му доаѓа крајот на НАТО, ама тоа не значи и крај на милитаризмот - бидејќи ЕУ сега ќе бара уште 5%.
Интересна е нејзината аргументација: денешните војни биле толку сложени што ниту една држава сама не можела да се подготви за нив. Значи ли тоа дека се подготвуваат за светска војна? Или пак лажат дека „Русите доаѓаат“.
Оваа жена беше министерка за одбрана на Германија - па ги усреќи. Башка корупциските скандали...
Ех, путуј Европо, веќе не си таква за да сака човек да се качи на твојот воз без шини“, напиша таа.
Слично
