И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека водат во Штип
Од партиските штабови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат спротиставени информации за резултатите кои засега се уште се неофицијални во општина Штип.
Од партиски извори од СДСМ велат дека нивниот кандидат Благој Бочварски води со 200 гласа од досега обработените гласачки ливчиња.
Спротивно од нив, од ВМРО-ДПМНЕ според нивните партиски информации нивниот кандидат Илчо Захариев водел наводно со 700 гласа.
Засега пресметани се гласовите од руралните места во општина Штип каде води актуелниот градоначалник Захариев.
Слично
