Економија, финансии, бизнис

Контакт

И РОСЕН ПЛЕВНЕЛИЕВ ГО СПОМЕНУВА ТИТО - зошто бугрските политичари се преокупирани со минатото

И РОСЕН ПЛЕВНЕЛИЕВ ГО СПОМЕНУВА ТИТО - зошто бугрските политичари се преокупирани со минатото

Решението е многу едноставно,  Бугарија рече: не го предизвикуваме идентитетот, не го оспоруваме јазикот, не ја оспоруваме вашата државност, но сакаме гаранции дека ќе бидеме добри соседи, бидејќи добрососедството е вредност во ЕУ. 

Ова го изјавил во ексклузивното интервју за БГНЕС  поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

„РС Македонија не може да го реши проблемот со Бугарија ако не прифати европски вредности. Ако некое општество сè уште не е подготвено да ги прифати европските вредности – владеењето на правото, вистината на историјата, добрососедските односи, одрекувањето од говорот на омраза – не е подготвено ниту за членство во ЕУ. Крајно време е нашите пријатели во РС Македонија да се вооружат со разбирање дека од сега па натаму Тито, Сталин, штетните идеологии од минатото мора да останат во минатото“, рече Плевнелиев.

Според него, учебниците во Северна Македонија велат дека Бугарите се фашисти, окупатори и Татари. Сè додека е така, сè додека немаме политичка волја да го прифатиме европскиот пристап и да работиме за добрососедство, ќе веруваме дека ова општество не е подготвено и не сака да биде подготвено да ги прифати европските вредности. Затоа, на Бугарија ќе и биде се потешко да се согласи да даде зелено светло.

„Нема ништо поодвратно од фалсификување на историјата. Приказната е како што е, како што се случи и не може да се манипулира. Ние не го оспоруваме правото на РС Македонија да има држава, да има јазик и да ги нарекуваме како што сакаат. Уште како шеф на државата Бугарија, јас самиот реков илјадници пати: Бугарија не сака повеќе територија. Бугарија сака да паѓаат границите на Балканот, а не да се движат“, вели Плевнелиев.

Слично

Поврзани вести