ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПРЕДИЗВИКАЛ ЧУВСТВО НА СТРАВ И ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА: Денес треба да почне судењето за напаѓачот на Арсовска

И ПРЕДИЗВИКАЛ ЧУВСТВО НА СТРАВ И ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА: Денес треба да почне судењето за напаѓачот на Арсовска

Денес, во Основниот кривичен суд во Скопје, треба да започне судскиот процес против лицето кое е обвинето за напад на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Нападот беше снимен на камери а се случи во Чаир, на улицата Севастополска, додека Арсовска извршуваше службение дејствија.

Лицето С.Љ. како што пишува во обвинителниот акт, извршил грубо насилство врз неа и и нанел телесна повреда како и причинил чувство на несигурност, страв и загрозување.

 Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува“се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во моментов, обвинетиот во моментов издржува мерка притвор. 


ad
Слично

Поврзани вести