Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПОВТОРНО ПАД: Најниска вредност во овие два месеци

И ПОВТОРНО ПАД: Најниска вредност во овие два месеци

Биткоинот видно се оддалечи од овогодинешните врвови.

Од 6 мај, кога беше нешто под 30.000 долари, неговата цена падна за повеќе од 10 отсто и се лизна под 26.000 долари, пренесува seebiz.

Тоа е најниската вредност во речиси два месеци, а исто така се лизна под движечкиот просек од 200 дена.

Конкретно, во четвртокот се почувствува продажниот притисок на „китовите“ (термин за големи сопственици на биткоини), кои продадоа биткоини во вредност од 120 милиони долари на берзата Binance.

На негативното расположение влијаат и постапките на американските регулатори, кои, меѓу другото, се сомневаат дека компанијата за рударство на Биткоин Маратон Дигитал го прекршила законот.

Слично

Поврзани вести