И ПОНАТАМУ ТОПЛО, НО НЕСТАБИЛНО: Поројни врнежи, грмежи, силен ветер - еве какво ќе биде времето викендов
Нестабилно време не очекува и во текот на викендов, кое осбоено ќе се чуствува во попладневните часови.
Метеопрогнозерот Слачо Попоски најавува локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
- Локално ќе има и појава на ново невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопската котлина ќе има развој на грмотевични облаци, а можно е и ново невреме денеска - укажува Попоски.
Повеќе услови за нестабилност, но и за невреме ќе има на изолираните места, и тоа особено во централните предели од државава, како и локално во источната половина од државава.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, и покрај постепениот пад на истите, сепак тие ќе бидат сеуште многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, во Скопје до околу 39 степени.
