Економија, финансии, бизнис

Контакт

И политичарките знаат убаво да се облечат, зарем не?

И политичарките знаат убаво да се облечат, зарем не?

На се најдете на листа на најдобро облечени жени треба да имате стил, став и харизма. Моќта, парите и функциите не се пресудни, врските се непожелни, наклонетоста кон одредена политичка партија е ирелевантна и навредувачка, ниту пак е најважна присутноста на социјалните мрежи по секоја цена. Слепото следење на трендовите е сведено на минимум, личниот стилски печат е издигнат на максимум. Да се биде дама или урбан лик не само со изборот на модното парче, туку и со однесувањето и со енергијата, некому му доаѓа природно, некому со годините, некој ги совладал животните лекции, а некој и понатаму учи на своите грешки.

„Женски магазин“ избра 13 дами со стил, од различни професии и генерации, повеќе или помалку експонирани, некои и мистериозни, кои се свесни за експонираноста во јавноста, годините, телесните предиспозиции, карактерот и пригодата. Дами со стил во континуитет, кои не блеснале само еднаш на гала- настан, фестивал, на промоција, на седница или на излегување во град или на кафе. Личности кај кои гардеробата е стил на живеење, а не само парадирање со брендови.

Добредојдовте во Македонија, која не трпи критика ниту за стил ниту за пари!

Елизабета Ѓоргиевска, прва дама на Македонија

Македонија доби прва дама со стил. Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска , вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Сопругата на претседателот Пендаровски е вита, харизматична, со истенчен вкус за мода, со минималистички стил, прочистен од сите модни додавки. Едноставен избор на модни парчиња, ама некогаш и во смели бои, и од квалитетни, ама неекспонирани модни брендови. Досега на јавните настани елегантна, а некогаш според настаните и спортско-елегантна кога со леснотија ги носи парчињата, а не тие неа.

Македонска варијанта на префинетиот француски стил на Карла Бруни-Саркози, според критичарите – најпрва дама со стил во светот.

Што е многу важно, заедничките појавувања со сопругот, претседателот Пендаровски се во тон. Тоа го прават со леснотија, а очигледно дека маркантната нијанса на розе-магента им е омилена на двајцата. Во таа боја беше нејзиниот фустан на инаугурацијата на Пендаровски за претседател, а нему - вратоврската.

Радмила Шекеринска- Јанковска, министерка за одбрана

Не е сѐ во гардеробата, ама стилот е многу важен во политичките и во дипломатските кругови. Нешто на што „паѓаат на испит“ речиси сите наши политичарки, со изборот на екстравагантна гардероба и екстремно високи потпетици, кои се косат со модните правила во оваа сфера. Или премногу шминка, или запуштен изглед, или црни хулахопки наместо во боја на кожа. Златна средина е вистинскиот одговор за дамите од високата политика, а тука спаѓа и Шекеринска- Јанковска.

Министерката за одбрана со својот избор ја почитува Владата, но и јавноста. Внимава на линијата, со ненаметлива фризура и шминка, со парчиња облека кои се евидентно брендирани, ама ускладени со дрес-кодот на јавна личност од сферата на политиката. Децентна и едноставна и која со стилот нема да ве посрамоти во светот.

Шекеринска, се труди строгите костими да ги ублажи со модни детали како што се шамиите или  ѓерданите, и со посмели бои како што е сината или црвената. Шекеринска приватно носи гардероба блиска на својата генерација. Ама далеку од очите на јавноста.

На листата се најдоа и бизнисменските Тања Антиќ и Олга Костовска.

Повќе детали читајте на Женски магазин

Слично

Поврзани вести