Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПОЛИЦИЈАТА ГРЕШИ КОГА ПАРКИРА: На Фејсбук објавена фотографија од полициско возило паркирано на тротоар

И ПОЛИЦИЈАТА ГРЕШИ КОГА ПАРКИРА: На Фејсбук објавена фотографија од полициско возило паркирано на тротоар

Веќе долги години на Фејсбук функционира група насловена „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде се објавуваат граѓани кои непрописно паркираат.

Деновиве, една таква фотографија беше објавена и за скопската полиција.

Имено, полициско возило е фотографирано од член на групата, паркирано на тротоар каде всушност не е дозволено паркирање.


Реакциите се бројни. Додека едни велат дека полициско возило, возило на Брза помош и на Пожарна смеат секаде да паркираат, други велат дека можеби паркирале тука заради тоа што биле на некаква интервенција. Трети пак, традиционално и сеирџиски коментираат дека отишле да јадат или пак дека паркирале за да ги заштитат минувачите од вирот полн со вода. 


Слично

Поврзани вести