Економија, финансии, бизнис

Контакт

„И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ЛУЃЕ СО ЧУВСТВА“: Независниот синдикат со поддршка за колегите 'се надеваме дека ќе успеат да ги надминат траумите'

„И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ЛУЃЕ СО ЧУВСТВА“: Независниот синдикат со поддршка за колегите 'се надеваме дека ќе успеат да ги надминат траумите'

Поддршка и помош за надминување на психолошките трауми кои ги имаат вработените во полицијата ќе можат да добијат сите припадници на овој сектор благодарение на независниот синдикат на полицијата. 

- Во време кога сите зборуваат за психолошката состојба на учениците, студентите, граѓаните потсетуваме дека и полицајците се луѓе со чувства и️ за сите колеги кои имаат потреба од психолошко советување после трагедијата во Кочани, НСП ќе им обезбеди бесплатна стручна помош на трошок на синдикатот.

Искрено се надеваме дека колегите ќе успеат да ги надминат траумите и сликите со кои што се соочија, а ќе ги паметат целиот свој живот.

Водени од овие трагични настани во новата систематизација ќе побараме предвидување на работно место ,,психолог" на ниво на Сектор за внатрени работи. Во 21 век не е срамота да се зборува за личната психолошката состојба, срамота е институционално да не се грижиме за менталното здравје - се нагласува во нивното соопштение објавено на социјалните мрежи. 


Слично

Поврзани вести