Економија, финансии, бизнис

Контакт

И покрај најавите за високи казни фатени препродавачи на карти

И покрај најавите за високи казни фатени препродавачи на карти

Засега од МВР нема информации за било какви инциденти во текот на вчерашниот натпревар од УЕФА Супер купот каде имаше илјадници фанови низ целиот град, но затоа пак се фатени препорадавачи на карти кои експресно се гонети според новите прописи од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, вчера пред натпреварот двајца англиски државјани им препродале карти на двајца украински државјани. При извршен преглед кај украинските државјани пронајдени се вкупно пет билети без наведени лични податоци, додека кај еден од англиските државјани пронајдени се шест коверти со по еден билет на различни имиња. При извршениот разговор, еден од украинските државјани изјавил дека еден или два билети купил од Англичаните. Четворица од нив биле приведени.

За настанот известен е Јавен обвинител и по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело „недозволена трговија“ по чл.277 од Кривичниот законик.


Слично

Поврзани вести