Економија, финансии, бизнис

Контакт

И покрај кривичните пријави на дел од учесниците „За заедничка Македонија“ попладне на протест

И покрај кривичните пријави на дел од учесниците „За заедничка Македонија“ попладне на протест

После паузата од викендов, денеска продолжуваат проетстите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

И покрај приведувањата и кривичните пријави кои ги добија дел од демонстрантите приврзаници на ова движење по насилниот упад во Собранието, денес продолжува традиционалото протестирање по познатата насока.

Протестите почнуваат во 17 часот а маршот тргнува од Влада па се до Собрание.

Пораките кои се испраќаат од организаторите на граѓанската иницијатива се зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис.


Слично

Поврзани вести