И ПОКРАЈ КАЗНИТЕ, ЛУДО СЕ ВОЗИ: Во Скопје вчера 11 сообраќајки, „летаа“ и санкции
Во текот на вчерашниот ден (02.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: двајца возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четворица возачи затоа што биле возачи-почетници. Седум возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престројување и четири возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).Исто така, од сообрачај се исклучени и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Покрај ова, санкционирани се и тројца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а двајца пешаци - затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, додека 68 возила се подигнати со специјално возило "пајак".
