Економија, финансии, бизнис

Контакт

И по црвената лента, Стариот театар уште се гради?

И по црвената лента, Стариот театар уште се гради?
Министерството за култура склучило нов договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи на објект Стар театар во Скопје со италијанската фирма „Ламоне Мореда“. Вредноста на договорот, објавен вчера на електронскиот систем за јавни набавки а склучен ден претходно, изнесува речиси 367 илјади евра. Спогодбата била склучена со преговарање без претходно објавување оглас, а како причина се наведува дека „таквите работи или услуги, иако можат да се одделат од извршувањето на основниот договор, се неопходни за неговото завршување“. Во договорот нема повеќе информации за какви дополнителни работи станува збор, но италијанската фирма „Ламоне Мореда“ е градежна компанија, која била ангажирана веќе со еден договор да работи на изведбата на театарот. Министерство за култура еден месец потоа склучи нов договор, вреден 1,5 милиони евра, со истата градежна фирма за дополнителни градежни работи на Стариот театар, кој се наоѓа на левиот брег на реката Вардар. Неизвесно е какви дополнителни работи ќе изведува оваа градежна фирма на театарот, кој веќе беше свечено отворено и во кој веќе се изведуваат претстави.
Слично

Поврзани вести