И платил 22.500 евра на измамничка од Битола за да го вработи синот во МВР
СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола за измама откако за пари ветувала вработување во МВР.
„Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки“, објави СВР Битола.
Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра.
Слично
