Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Перо Костадинов од СДСМ поднесе оставка

И Перо Костадинов од СДСМ поднесе оставка

По вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и Перо Костадинов поднесе оставка како потпретседател на СДСМ по синоќешниот катастрофален резултат на парламентарните избори.

- Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ. Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја. Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас, порача Костадинов

Градоначалникот на Валандово додаде дека СДСМ ќе се реформира, затоа што, како што рече, му е неопходна на општеството. 

Слично

Поврзани вести