И ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ СЕ ИМУНИЗИРА НА ЈАВНА СЦЕНА - по вакцина ќе оди до Куманово
И шефот на државата ќе се вакцинира на јавна сцена.
Откако тоа прв го стори премиерот Зоран Заев, а потоа го следеше и министерот за здравство Венко Филипче, а отоа и други владини функционери, утре телевизиските камери ќе го снимат и вакцинирањето на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Тој, како и денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе се вакцинира во Куманово.
„Претседателот Стево Пендаровски, утре – 18 мај 2021 година, вторник во 14:00 часот ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово.
По завршувањето на вакцинацијата е предвидена изјава на претседателот Пендаровски за медиумите“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.
