Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПЕДИЈАТРИТЕ ПОВИКАА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА: Од каде доаѓа вакцината МРП

И ПЕДИЈАТРИТЕ ПОВИКАА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА: Од каде доаѓа вакцината МРП

 МПР вакцината е висококвалитетна и ефективна вакцина убедуваат од Министерството за здравство по реакциите на дел од родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата по појавата на епидемија во Скопје.

Надлежното министерство тврди дека оваа вакцина ја произведува GlaxoSmithKline од Белгија.

Официјалните бројки се дека до 19 часот синоќа 488 деца ја примиле таа вакцина а на сила е уште наредбата за оние деца кои не се вакцинирани.

Од друга страна пак, првиот министер предку медиумите кажа дека се спремаат нови законски измени со кои децата нема да се примаат ниту во школо ако не се вакцинирани.

-Ние имаме сериозна обврска пред нас, да преземеме чекори кои ги презимаме, за да го заштитиме јавното здравје. Се` дoдека има можност децата да се запишуваат во јавни установи и притоа не се вакцинирани, ние проблемот нема да го решиме-кажа министерот гостувајќи во емисија на една телевизија.

Поддршка за Филипче доцна синоќа стигна и од  Здружението на педијатри .

Од таму велат дека сите деца треба да бидат вакцинирани веднаш за да се намали ризикот за пренесување на малите сипаници.

Од здружението додаваат и дека со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата, а посочуваат дека вакцините се безбедни и квалитетни.

Слично

Поврзани вести