Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Павлопулос бара Македонија да направи промени во Уставот?

И Павлопулос бара Македонија да направи промени во Уставот?

Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин на кој ќе се исклучи секаков вид на иредентизам, вели грчкиот претседател, Прокопис Павлопуслос. 

Павлопулос смета дека „денешното име признато и од други земји, јасно зрачи иредентизам“, јави дописникот на МИА. 

„Истите барања на меѓународната заедница на НАТО и на Европската унија покажуваат дека името зрачи иредентизам. И тоа е реалност. Оваа земја, која ние ја сакаме за сојузник, за пријател и во НАТО и Европската унија, треба да избере. Сака перспектива? Ако сака ќе треба да ги направи неопходните промени во целиот правен поредок, почнувајќи од нејзиниот Устав, каде ќе постои промена на нејзиното име и секако оваа промена ќе биде проследена и со гаранции што го исклучуваат иредентизмот и во однос на границите и во однос на националноста и во однос на јазикот“ - рече Павлопуслос.

Тој претходно во неколку наврати изјави дека Македонија е грчка, а при секоја средба со политичари од Европа ја обвинува Македонија дека краде историја. 

Слично

Поврзани вести