И ПАЈАК ГИ КРЕВА, И САНКЦИИ СЕ РЕДАТ: Возачите пак возат во алкохолизирана ситуација
Викендов во Скопје полицијата санкционирала 59 возачи кои возеле под дејство на алкохол а 88 поради поголема брзина од дозволената.
15 сообраќајни несреќи бележи МВР викендов од кои две завршиле со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и шест со материјална штета.
20 возачи управувале возило пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.
Санкционирани се седум возачи кои биле почетници и 31 поради останати прекршоци.
Се возат уште и неисправни возила а од сообраќај биле исклучени 31 возило поради нерегистрираност.
„Пајкот“ кренал 37 возила
Од сообраќај исклучени се 32 возила бидејќи 31 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Во текот на изминатите денови издадени се 244 мандатни платни налози, додека исто така 37 возила се подигнати со „Пајак“.
