Економија, финансии, бизнис

Контакт

И оваа недела со невообичаено високи температури

И оваа недела со невообичаено високи температури

Во текот на оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на узразено јужно воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат интензивни и обилни.

На високите планини  ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели и ќе се формира нова снежна поквривка.

Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

За време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.

Во Скопје ќе имаме слично време.


Слично

Поврзани вести