Економија, финансии, бизнис

Контакт

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

Заканувач направил морбидна сцена за да и се закани на претседателката на Уставен суд,Добрила Кацарска, инаку претходно долгогодишен судија во Кривичниот суд.

Кацарска вои МВР пријавила дека во нејзиното подземно гаражно место во зградата каде што жовее во Центар пронашла импровизиран кревет и кујнски нож.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.


Слично

Поврзани вести