И ОФИЦИЈАЛНО: Нема бесплатна бања додека трае кризата со коронавирусот
Иако беше сосема звесно, Министерството за труд и социјала вчера и официјално потврди - нема бесплатна бања за пензионерите.
Причина е да се превенира ширењето на коронавирусот. Пензионерите ќе бидат дополнително известени од Фондот за ПИОМ кога оваа мерка би продолжила.
„Согласно мерките за
спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и
социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот
бањско - климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во
одредениот термин“, соопштија од ресорот за труд и социјала.
За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, додаваат оттаму.
Некои пензионери се незадоволни што нема да можат да користат бањско лекување, бидејќи, како што сметаат, тоа го заслужуваат поради својата здравствена состојба.
Како што е познато, повозрасните лица се најризичната категорија граѓани, кои најмногу заболуваат од коронавирусот, но и кај нив тој има најтешка клиничка слика.
фото. МИА
